Новости

Фудбал

Бензема се врати на тренинзите на Реал Мадрид

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ја санираше повредата и најверојатно ќе биде подготвен за саботното гостување кај Гетафе во рамките на фудбалскиот шампионат на Шпанија. Централниот голгетер кој се повреди на 9 септември на мечот со Леванте, денеска беше дел од тренингот на „кралевите.

Тренерот, Зинедин Зидан, денеска работеше со помала група на фудбалери и мораше да вклучи дел од малдинскиот состав бидејќи повеќето од првотимците добија слободен ден откако имаа серија на репрезентативни обврски.

To Top