Новости

Фудбал

Блинд и Јанг добија нови договори во Јунајтед

Манчестер Јунајтед одлучи да ги искористи опциите за продолжување на договорите на тројца свои играчи за следната сезона. Се работи за Ешли Јанг и Дејли Блинд, кои сега ќе бидат на „Олд Трафорд“ до летото 2019 година.

Голманот Сем Џонстон, кој сега е на позајмица во Астон Вила, исто така, ќе продолжи да биде дел од составот на Манчестер Јунајтед, а до кога ќе биде на позајмица во Астон Вила ќе треба да одлучи стручниот штаб на „црвените Ѓаволи“.

Блинд не беше многу користен, одигра само 15 натпревари во текот на сезоната, и немаше да биде изненадување ако беше продаден во јануари, но тоа не се случи. Ешли Јанг одигра добри натпревари, а настапи во 26 натпревари за својата екипа, а Жозе Мурињо е јасно задоволен од искуството што го носи овој играч.

GOLD
To Top