Новости

Фудбал

Бубања: Доцна започнавме, но обезбедивме 11 засилувања за оваа пролет (ФОТО)

Утре започнува новата полусезона со натпревар на ФК Победа против ФК Пелистер во Турново.

Имено денеска се одржа прес конференција во просториите на ФК Победа за текот и подготовките на клубот заедно со в.д извршниот директор Ирена Јакимоска, спортскиот директор на клубот Јане Николоски, идниот претседател Небојша Стојковиќ, шефот на стручниот штаб Славољуб Бубања и координитарот на младинската школа Тони Мегленски.

Јакимоска изјави за случувањата во клубот како и задоволството што успеале иако започнале покасно со подготовки.

– Денеска успешно се исплати првата плата од оваа полусезона, така да после овој прес имаме состанок со фудбалерите да им се каже дека многу е клучно и битно да се задржи довербата кај фудбалерите се со цел да им се врати вербата дека ќе функционира нештото бидејќи ние тоа го ветивме. Моите лични амбиции во однос на оваа полусезона е секако шестата позиција која ќе ни донесе стабилност се со цел да можеме да продолжиме понатаму. Среќна сум и задоволна од тимот, интензивно работевме во овој временски период со големо разбирање на кој потрошивме многу време и енергија бидејќи почнавме многу касно. Со оглед на тоа во многу краток период успеавме да функционираме се надевам успешно. – истакна Ирена Јакимоска.

Николоски истакна дека ФК Победа до сега не довела 11 нови засилувања во зимскиот период.

– Колку што се сеќавам Победа во зимски преоден период ФК Победа никогаш не довела 11 играчи, но мислам дека како наша цел и како задача 90% го остваривме. Единствено нешто што можеме да жалиме е што не успеавме да го ангажираме и нашето 12то појачување Стефан Бреговиќ, кој имаше проблем со своите документи. Верувајте не е во наша вина него е недоразбирање помеѓу него и неговиот поранешен клуб „Партизан“. Сето останато е на стручниот штаб и на играчите и се надеваме дека ќе го дадат својот максимум и дека ќе не израдуваат со 3 бодови. – истакна Јане Николоски.

Шефот Бубања задоволен со новото раководство и смета дека овие се вистински засилувања за Победа.

– Ако пред 2 месеци дојдеше ова раководство, сигурно ќе беше многу подобро и ќе донесевме вистински појачувања. Конечно состојбите во клубот се стабилизирани, а есеноска имаше проблеми со доцнење на исплатите.  Доведовме 11 но ни заминаа 14 играчи. Се обидовме да ангажираме зацртани засилувања. Сигурно задоцнивме околу комплетирањето на тимот, поради промените во клубот и подоцниот старт на подготовките, ако беше од почеток работите ќе беа како што треба. Јас секогаш сум искрен, така е и овојпат, и не сум сигурен во целост дека дали сите ќе бидат засилувања, бидејќи тука има играчи кои подоцна се приклучија и кои дојдоа тука да се докажуваат. На крајот фокусот беше што повеќе прилепчани да останат, а дали не сме погрешиле ќе покаже крајот на сезоната. Она што го доведовме и што мислиме дека се јас сметам дека се вистински засилувања. Никогаш не истакнувам поединци но доведовме голман-интернационалец-Тофилоски, кој ќе биде наш капитен, а тука е и Даноски, кој исто така е со завидна интернационална кариера…Тоа се вистинските засилувања. – изјави Бубања.

GOLD
SN Finansii
To Top