Новости

Фудбал

Вардар ремизираше со Розенборг, прв европски бод за „црвено-црните“

Екипата на Вардар го заврши своето прво учество во групната фаза во Лига Европа откако вечерва ремизираше со Розенборг 1-1 во Скопје. Вардар го одигра најдобриот натпревар во второт по силина европско натпреварување, но македонскиот шампион не ги искористи шансите кои ги имаше и може да жали што не ги освои трите бода.

Вардарци поведоа преку Итало во 9 минута. Демири од левата страна упати долга топка до Николов, кој што со гради му ја спушти на стрелецот кој се најде сам пред голот на Розенборг, и рутинирано погоди.

Во самиот финиш на првите 45 минути, Гачевски го фаулираше Адегбенро во шестнаесетникот по што беше покажан удар од 11 метри кој го искористи искусниот Бендтнер.

To Top