Новости

Фудбал

Венгер му нуди нов договор на Алексис Санчез

Раководството на Арсенал е подготвено со последна понуда до напаѓачот на тимот Алексис Санчез. Чилеанецот и „топџиите“ водат преговори за нов договор, но до овој момент не стигнуваат до разбирање.

Минатата недела напаѓачот одби неделна плата во износ од 225.000 фунти, но според „Daily Mail“, понуда со неделна плата во износ од 300.000 фунти веќе е на масата. Токму за таква сума настојуваше и самиот Санчез, што најверојатно значи дека е можно наскоро напаѓачот да парафира нов договор.

Сегашниот договор на фудбалерот истекува на крајот на сезоната, а Манчестер Сити и Пари Сен Жермен не ги кријат апетитите кон офанзивниот фудбалер.

To Top