Новости

Фудбал

Вермален пред потпис со Интер?

Томас Вермаелен може да премине во италијанскиот Интер оваа зима. „Црно-сините” имаат интерес за 31-годишниот централен дефанзивец, кој е со статус на резерва во составот на каталонците.

Вермаелен ретко се наоѓа во составот на Барса оваа сезона, а од почетокот на сезоната има само еден одигран натпревар и тоа во Купот на Шпанија.

Белгиецот премина на „Камп Ноу” од Арсенал во текот на летото на 2014 година за 19 милиони евра, но по серијата повреди не успеа да се етаблира во составот, па затоа има вкупно 22 настапи за Барселона.

Karmen
To Top