Новости

Фудбал

Видал посакува нов договор со Баерн

Артуро Видал ги негираше шпекулациите дека може да го напушти Баерн, па дури изрази подготвеност да го продолжи договорот со клубот. Видал има актиевен договор со Германците до јуни 2019 година, но очигледно нема намера да го прекине пред време.

Како што е познато, Чилеанецот се споменува во комбинација за трансфер во Челзи, Манчестер Јунајтед или Интер. Гласините за неговата продажба се засилија откако Баерн објави дека го купи Леон Горецка како прво летно засилување.

„Не случајно играм во Баерн. Не е случајно што сум еден од најдобрите во светот на својата позиција. Не мислам за трансфер, тука се чувствувам супер и среќен“, изјавил Видал.

To Top