Новости

Фудбал

Гвардиола фрлил око на Џорџо Кјелини

Пеп Гвардиола ја разгледува можноста да го привлече централниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Киелини. Според италијанското издание, „граѓаните“ ќе се обидат да го земат искусниот дефанзивец оваа зима за да ги зајакнат своите одбранбени позиции.

Меѓу имињата споменувани за трансфер на „Етихад“ се и Џони Еванс (Вест Бромвич) и Хари Мегваер (Лестер).

Во текот на изминатото лето, Киелини беше поврзан со друг англиски тим, Челзи, но на крајот остана во Торино. Договорот на 33-годишниот фудбалер истекува на крајот од сезоната и не е исклучено од страна на раководството на „бјанконерите“ да слушанат понуди за да се избегне можноста да си замине ова лето како слободен агент.

GOLD
SN Finansii
To Top