Новости

Фудбал

Гвардиола четири месеци по ред е тренер на месецот во Премиер лигата

Пеп Гвардиола беше прогласен за менаџер на Премиер лигата во декември. 46-годишниот Шпанец е првиот специјалист кој ја освојува наградата во четири последователни месеци.

Тој беше назначен за менаџер бр.1 во септември, октомври и ноември. Под негово водство, „граѓаните“ не изгубиле меч од почетокот на сезоната. Во декември Манчестер Сити забележа седум победи и едно реми во Премиер лигата, постигна 19 гола и прими четири.

Останатите номинирани за менаџер бр.1 на декември беа Сем Алардајс (Евертон), Антонио Конте (Челзи), Рој Хоџсон (Кристал Палас), Јирген Клоп (Ливерпул) и Маурисио Почетино (Тотенхем).

Evrotip
Евротип
To Top