Новости

Фудбал

Гигс: Дајте му време на Алексис, тој е одличен играч

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс побара трпеливост со новиот фудбалер на „црвените ѓаволи“ – Алексис Санчез. Велшанецот изрази мислење дека поранешната ѕвезда на Арсенал е играч од светска класа и има што да му даде на клубот на „Олд Трафорд“.

„Санчез е врвен играч и тоа што постигнал само еден гол досега не е важно, и верувам дека сè ќе си дојде на место“, рече Гигс.

„Тој сè уште ги запознава своите соиграчи. Му треба малку време и дефинитивно е фудбалер од светска класа“, додаде легендата на Манчестер Јунајтед.

Evrotip
Евротип
To Top