Новости

Фудбал

Голем интерес од премиеригашите за Луис Енрике

Поранешниот тренер на Барселона и Рома, Луис Енрике одлучил да се врати на фудбалот следната сезона и би преферирал да седне на клупата на некој англиски премиерлигаш.

Шпанецот кој ја водеше Барселона до девет трофеи за време на неговите три сезони поминати во клубот е без работа откако го напушти „Камп Ноу“ на крајот на минатата сезона.

Според „Мундо Депортиво“ неколку клубови покажале интерес за неговите услуги. Челси кој веќе бара замена за Антонио Конте е сериозно заинтересиран, а се споменува и тимот на Арсенал.

GOLD
SN Finansii
To Top