Новости

Фудбал

Горецка добил 20 милиони евра од Баерн, а уште не заиграл за Баварците

Фудбалерот на Шалке Леон Горецка добил 20 милиони евра лично за него од Баерн Минхен поради одлуката да премине на стадион „Алијанц Арена” во текот на летото, вели списанието „Спорт Билд”.

Како што е познато, Баварците нема да плаќаат надомест за трансфер на германскиот репрезентативец затоа што го земаат како слободен агент. Никој во Германија, сепак, не посочи дека Горецка ќе заработи толку многу за потписот кој го става на договорот со Баерн Минхен.

Раководството на баварскиот гигант беше повикано да го коментира натписот во ова издание, но од нивна страна вистински молк. Последниот сличен трансфер кој го направи Баерн Минхен беше во 2002 година кога исто така платија 20 милиони германски марки на истиот начин, кога клубот го зеде без пари Себастијан Дајслер од Херта. На крај, Дајслер не беше многу среќен што на рака добиваше ваква сума на пари.

GOLD
To Top