Новости

Фудбал

Гулам брзо закрепнува од повредата на лигаментите

Фази Гулам откако ќе заврши предвидената пауза може да биде подготвен за игра за средбата со Аталанта.

Алжирецот кој се повреди во ноември на средбата со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, требаше да отсуствува четири месеци, но, изгледа рехабилитацијата ќе му трае многу пократко. Гулам беше опериран од познатиот хирург, Пиерпаоло Маријани.

Наполи кој е лидер во Серија „А“, ќе игра со Аталанта на 21 јануари а последните информации тврдат дека Гулам може да влезе во составот иако последниот збор ќе го има докторот Маријани, кој пред тоа ќе ги направи потребните медицински тестови.

To Top