Новости

Фудбал

Детали за изненадната смрт на капитенот на ФК Фиорентина

Давиде Астори почина во хотел во Удине. Играчите се во шок, и само на моменти успеваат да изустат по некој збор. Тамошните медиуми известуваат дека почина 31 годишниот тренер на ФК Фиорентина, а несреќниот фудбалер го пронајде неговиот масер.

“Не беше на доручек во 09:30, а обично доаѓаше прв. Отидовме да провериме. Давиде спиеше сам во собата. Сеуште не знаеме што е причината за смртта. Докторите само ја потврдија смртта. Телото е испратено на обдукција. Моментално немаме повеќе детали”, изјави портпаролот на ФК Фиорентина.

“Марко Спортиело го виде последен. Некои играчи спијат во двокреветни соби, а некои во еднокреветни.”

Некои италијански медиуми изјавија дека играчите провалија во неговата соба, но Фиорентина објави дека Астори го пронајде масерот.

Порталите во Италија, со голема брзина ја пренесоа веста, подоцна и клубот ја потврди изненадната смрт на еден од најдобрите фудбалери.

“Фиорентина е длабоко потресена и приморана да објави дека капитенот Давиде Астори почина” стои во соопштението.

Фудбалерскиот клуб Фиорентина објави дека познатиот играч почина во сон, но не се знае причината за смртта.

Играчот на 07. јануари наполни 31 година.

GOLD
To Top