Новости

Фудбал

Дејвид Мојс најсериозен кандидат да го наследи Роналд Куман

Дејвид Мојс, може да се врати на чело на тимот. Името на Шкотланѓанецот е меѓу споменуваните опции за можен заменик на Роналд Куман, вели „Мирор“. Во моментов, „карамелите“ не играат на очекувано ниво, а се повеќе се вели дека холандскиот ментор може да биде отпуштен.

Мојс помина 11 години во „Гудисон парк“, пред да замине во Манчестер Јунајтед како заменик на Сер Алекс Фергусон. Меѓутоа, таму специјалистот доживеа неуспех, а потоа немаше и многу успешен период на чело на Реал Сосиедад и Сандерленд. Сепак, 54-годишниот ментор продолжува да биде многу популарен кај шефовите на Евертон.

За последен пат, името на Мојс беше поврзувано за потенцијален нов шкотски селектор на местото на Гордон Страхан. Сепак, специјалистот претпочита да работи во клуб и евентуален предлог од Евертон ќе биде тежок за одбивање.

Karmen
To Top