Новости

Фудбал

Де Геа добива нов договор и 220.000 фунти неделна плата

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа најверојатно ќе го продолжи договорот со клубот, информираа неколку англиски медиуми. Според извори од клубот, новиот договор кој голманот ќе го добие од Јунајтед ќе му обезбеди неделна плата од 220.000 фунти неделно, а ќе биде со важност до 2021 година.

Сегашниот договор на Шпанецот со Манчестер Јунајтед истекува во 2019 година. Претходно беше објавено дека Де Геа може да оди во Реал Мадрид.

Во тековната сезона, тој одигра 33 натпревари, а особено вреден беше неговиот последен настап во ЛШ против Севиља на гости, каде имаше неколку бравурозни интервенции со кои го спаси својот тим од пораз.

Evrotip
Евротип
To Top