Новости

ЕВРОТИП Банер
Фудбал

Диего Коста веќе се фотографира со дрес на Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Челзи, Диего Коста, уште еднаш покажа каде сака да ја продолжи својата кариера. Коста, заедно со Немања Матиќ, не отпатуваа со тимот на турнејата по Азија.

Бразилецот со шпански пасош јасно кажа дека сака да се врати во тимот чии дрес го носеше во периодот од 2010 до 2014 година. Тој на „Инстаграм“ објави видео во кој е облечен во опремата на Атлетико Мадрид.

Атлетико нема ништи против да го врати напаѓачот во Мадрид, но барем засега челниците на клубот не успеале да се договорат со Челзи.

Диего Коста има договор со Челзи до јуни 2019 година, минатата сезона тој постигна 20 голови на 35 натпревари во Премиер лигата.

Karmen
To Top