Новости

Фудбал

Директорот Вацке го продолжи договорот со Борусија Дортмунд

Главниот извршен директор на Борусија Дортмунд Ханс-Јоаким Вацке го продолжи договорот со оваа екипа до летото 2022 година.

Претходниот договор на директорот на „жолто-црните“истекуваше во летото 2019, но клубот беше задоволен од неговата работа и одлучи да го задржи на функцијата уште три сезони. Во исто време, десната рака на Вацке, Томас Трес исто така доби нов договор, а Карстен Крамер беше претставен како втор извршен директор.

Вацке стана извршен директор во клубот во 2006 година и го спаси од банкрот во тоа време.

GOLD
SN Finansii
To Top