Новости

Фудбал

Ди Марија: Бев многу блиску до трансфер во Барселона

Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија призна оти минатото лето бил многу блиску до трансфер во Барселона откако Нејмар дојде во клубот во француската престолнина.

Каталонскиот гигант до послениот час се обиудваше да донесе некое познато и звучно име, но на крајот преговорите со „светците“ пропаднаа.

„Бев многу блиску до Барселона, ама за жал тоа не се случи. Новата 2018 добро ја започнав и сум многу среќен“, рече Ди Марија.

To Top