Новости

Фудбал

Евертон го сака Марко Силва, Ватфорд не го дава својот менаџер

Ватфорд нема намера да се раздели со менаџерот Марко Силва, кој е цел на Евертон како заменик на Роналд Куман. „Карамелите“ уште се без менаџер и во текот на вчерашниот ден упатиле барање до Ватфорд со желба да преговараат за нивниот менаџер, но биле веднаш одбиени.

Силва одлично се снајде по доаѓањето во тимот во текот на летото, а и во неговиот договор нема клаузула за претходно заминување, што сигурно ќе ги искомплицира преговорите за заминување на „Гудисон Парк“.

Самиот Силва сепак е среќен поради можноста да работи во поголем клуб и сака да оствари разговори со Евертон, но не е јасно дали ќе добие можност за тоа или во Ватфорд ќе останат цврсти во својата одлука да го задржат.

Karmen
To Top