Новости

ЕВРОТИП Банер
Фудбал

Елмас слета во Истанбул за да потпише за Фенербахче

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, пристигна во Истанбул за да го комплетира трансферот во елитниот состав на Фенербахче. 17-годишниот фудбалер кој уште на аеродромот беше пречекан од турските новинари, подоцна напиша на неговиот профил на „Твитер“.

„Многу сум среќен и возбуден што ќе бидам во Фенербахче. Тоа ќе биде големо искуство за мене“.

Младиот фудбалер кој благодарение на одличните игри во Работнички и во нашите селекции јавно му се заблагодари и на тимот од Дебар мало.

„Благодарен сум за се што направивте за мене, сега запловувам во поинакво искуство“, напиша Елмас.

Karmen
To Top