Новости

Фудбал

Официјално отворање на Пандев куп 2018

Од 07.03 до 09.03.2018 година во Струмица ќе се случува Пандев Куп 2018 година,  настан кој прв пат се одржува.

Посетителите ќе имаат прилика да уживаат во феноменален фудбал составен од 64 екипи кои доаѓаат од одлични клубови со високо реноме.

Генерациите кои ќе се натпреваруваат се од 2006-2009 година.
Дел од екипите кои може да се видат на фудбалскиот терен се Академија Пандев, Осијек ,Реал Ниш, Дит Софија, Шкендија, Национал , Победа, Вук Парачин, Форца, Ќустендил, Престиж , Врање, Шкупи и други.

Натпреварите ќе се одиграат на осум фудбалски терени и истите ќе траат по две полувремиња .

Пандев Куп 2018 се одржува за првпат и истиот ќе прерасне во натамошна традиција.

Истиот е во организација на ФК Академија Пандев – фудбалска академија Пандев со поддршка на ФФМ и АМС на Република Македонија.

GOLD
GoldSlot
To Top