Новости

Фудбал

Интер го сака Стариџ, Англичанецот е согласен да мине во Серија А

Даниел Стариџ има намера да го напушти „Енфилд“ во текот на зимскиот преоден рок.

Како што пренесува италијанскиот Тутоспорт, напаѓачот има намера да појде во Интер за да добие поголема минутажа и да може да се наметне кај селекторот на Англија за Светското првенство во Русија.

„Нероаѕурите“ засега немаат алтернатива за првиот напаѓач Мауро Икарди и сигурно би се согласиле да имаат резервен напаѓач. Стариџ во досегашниот дел од сезоната на 14 средби постигна три гола.

GOLD
To Top