Новости

Фудбал

Интер и Икарди преговараат за нов договор

Оваа недела ќе биде многу важна за тимот на Интер. „Нероазурите” го пречекуваат тимот на Беневенто и ќе бараат задолжителна победа со која ќе продолжат во трката по Рома и Лацио за четвртото место, кое им носи пласман во Лигата на Шампионите следната сезона.

Во исто време се очекувада се интензивираат преговорите за нов договор со капитенот на тимот Мауро Икарди. „Corriere dello Sport“ тврди дека во наредните денови ќе има средба меѓу клубот и агентот на фудбалерот Ванда Нара.

Двете страни ќе се обидат да постигнат договор за потпишување нов договор. Нара, која исто така е и сопруга на фудбалерот ќе побара зголемување на плата на Икарди од 5 до 8 милиони евра, додека од Интер имаат тенденција да понудат годишна плата од 7 милиони евра на својот капитен.

GOLD
GoldSlot
To Top