Новости

Фудбал

Кејн реди рекорд по рекорд во дресот на Тотенхем

Напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн го постигна својот деветти гол во Лигата на Шампионите во 35-та минута на натпреварот кој Тотенхем го одигра со Јувентус (2-2) како гостин во првиот осминафинален натпревар од ЛШ.

Тоа беше деветти натпревар за 24-годишниот англиски репрезентативец во ова натпреварување. Така Кејн постави нов рекорд во Лигата на шампиони. Досега немаше фудбалер во историјата на ова натпреварување кој се запишал во листата на стрелци девет пати во првите девет натпревари во Лигата.

Досега најпрецизен според овој показател беа Роналдињо, Симоне Инзаги, Дидие Дрогба и Диего Коста, кои имаа по осум погодоци.

Студирајте на БАС
To Top