Конте заминува од Челзи на крајот од сезоната - Шеталиште

Новости

Фудбал

Конте заминува од Челзи на крајот од сезоната

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте најверојатно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ по крајот на сезоната и на раководството на клубот ќе му се наложи да си бара нов тренер, тврди „Дејли Мејл“.

Иако тој има сѐ уште актуелен договор, проценил дека е време за промена и не му се допаѓа повеќе престојот во англиската престолнина, иако ја врши работата добро и ја донесе титулата на тимот минатата сезона.

Во материјалот се наведува дека тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри и поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, ќе бидат фаворити за следниот шеф на „сините“.

Маурицио Сари од Наполи, исто така, се гледа како опција, но тимот тешко дека ќе прибегне кон неговите услуги.

To Top