Новости

Фудбал

Куртоа: Преговарам со Челзи, но срцето ми е во Мадрид

Тибо Куртуа направи многу интересна изјава во која даде до знаење дека во прва прилика би се вратил во Мадрид, бидејќи неговото семејство живее во шпанската престолнина, а и тој го сака градот во кој помина три години како играч на Атлетико.
Белгиецот истакна дека преговара за нов договор со тимот од Лондончани, но во чист текст вели дека ако Реал упати понуда за него, ситуацијата во неговиот приватен живот би се олеснила при евентуалниот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

„Личниот мој живот е поврзан со Мадрид. Двете деца ми живеат таму заедно со нивната мајка. Секој ден разговарам со својата ќерка таа често ми кажува дека и недостигам. Син ми е уште премногу мал за да можеме да комуницираме на овој начин. Секој пат кога ќе имам можност, се обидувам да се вратам во Шпанија. Тоа не е секогаш лесно. да, срцето ми е во Мадрид. Тоа е логично и разбирливо. Ако ме сакаат, треба да се поврзат со Челзи. Ќе видиме. Досега не го направиле тоа. Сигурно е дека еден ден ќе се вратам во Мадрид. Ја сакам Шпанија, го сакам и градот. Поминав три одлични години во Атлетико. Таму станав возрасен. Плачев кога го напуштив. Сега сепак се чувствувам добро тука.

GOLD
SN Finansii
To Top