Новости

Фудбал

Куртоа нема да го продолжи договорот со Челзи

Тибо Куртоа нема да го продолжи договорот со Челзи и веќе го избра тимот во кој ќе ја продолжи кариератa. Куртоа има договор со Челзи до летото 2019 година и во оваа фаза силно ги отфрла предлозите на раководството на англискиот клуб.

Според информациите, Куртоа одлучил да ја продолжи својата кариера во Реал Мадрид.

Ако не го напушти „Стемфорд Бриџ“ следното лето, тој ќе го стори тоа, откако ќе му истече договорот со Челзи.

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, сака по секоја цена да го задржи Куртоа.

To Top