Новости

Фудбал

Кутињо претставен како супер-звезда на „Камп Ноу“

Барселона веќе го претстави своено најново засилување Филипе Кутињо кој во изјавата дадена пред медиумите при неговото преставување на јавноста рече дека сонувал за негов трансфер во каталонскиот клуб.

„Многу сум среќен што ќе играм со моите идоли, Меси, Суарез, Иниеста, Пике, Бускетс … сите се одлични, многу сум среќен за мојот трансфер”, рече Бразилецот.

Кутињо ги помина медицински прегледи претходно денес и потпиша за пет и пол години. Се очекува во среда каталонците, исто така да го претставуваат дефанзивецтот Јери Мина, а потоа ќе продадат најмалку три или четири играчи до крајот на трансфер периодот во јануари.

Студирајте на БАС
To Top