Новости

Фудбал

Манчестер Сити е најскапиот тим во историјата на фудбалот

Ниту еден тим во историјата на фудбалот не потрошил повеќе пари на трансфери од Манчестер Сити, покажува истражувањето на Меѓунарониот центар за спортски студии (ЦИЕС).

Со јануарскиот трансфер на Ајмерик Лапорт за 65 милиони евра, Манчестер Сити на трансфери потрошил рекордни 878 милиони евра. Зад Сити следуваат ПСЖ (805 милиони евра), Манчестер Јунајтед (747 милиони вра) и Барселона (725 милиони евра).

Според извештајот на ЦИЕС, економската логика сугерира дека идниот европски шампион би можел да биде од оваа група на тимови.

Интересно, екипата која во изминатите две сезони ги освои трофеите во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, мадридски Реал, се наоѓа на шестото место со вложени 497 милиони евра, што е речиси двојно помалку од Манчестер Сити.

GOLD
SN Finansii
To Top