Новости

Фудбал

Мбапе ќе добива плата од 16,8 милиони евра годишно во ПСЖ

Раководството на Пари Сен Жермен му предложило импресивни 16,8 милиони евра годишна плата на Килијан Мбапе. Напаѓачот ја побарал од Монако истата плата, но бил одбиен од матичниот клуб.

Според голем број на водечки европски медиуми, ПСЖ и Монако се договориле за трансферот на Мбапе, но се уште има некои отстапувања. Се уште нема договор за делот на бонусот при евентуален трансфер, а сумата која ПСЖ треба да ја платат е 180 милиони евра.

На „Парк де Пренс“ тој ќе направи ѕвезден тандем во нападот со Нејмар, кој беше земен од Барселона за рекордни 222 милиони евра. Тоа пак значи дека ПСЖ ќе треба да се раздели со некого меѓу останатите офанзивни фудбалери.

Karmen
To Top