Новости

Фудбал

Меси: Русија е мојата последна шанса за светска титула

Светското првенство во Русија е последна шанса за оваа аргентинска репрезентација да освои титула, тврди Лионел Меси и дополнува дека доколку не се случи тоа, тогаш сите треба да се повлечат. Последниот голем трофеј Аргентина го има освоено во 1993 година кога победи на Копа Америка.

„Луѓето чекаат овој состав да биде расформиран бидејќи долго не освоил ништо, а и критичарите се уморни што ги гледаат истите лица во националниот тим. Мислам дека Светското првенство во Русија е наша последна шанса тоа да го смениме. Поради тоа расте возбудата. Доколку не оствариме забележителен резултат, целиот тим треба да се повлече. На сите ќе ни биде тешко да продолжиме понатаму во случај на неуспех бидејќи со години сме во репрезентацијата“, рекол петкратниот освојувач на „Златната топка“.

To Top