Новости

Фудбал

Милан фрлил око на Андер Херера

Милан ќе се обиде да го купи играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера, во текот на летото. Според последните информации, тимот на Милан ќе потроши 32 милиони евра за да го убеди Јунајтед да им го продаде Ерера.

Шпанецот пристигна на “Олд Трафорд” во 2014 година од Атлетик Билбао за28 милиони фунти и до овој момент има 151 натпревар за тимот и 16 гола.

По пристигнувањето на Немања Матиќ неговото место во првиот тим не е сигурно, па реално е тој да си побара нова средина. Милан е еден до тимовите кои континуирано се обидуваат да го вратат сјајот од пред 10-тина години.

To Top