Новости

Фудбал

Милевски најави промени во У21 селекцијата напролет

Нашата селекција за фудбалери до 21 година го претрпе и третиот пораз во квалификациите за ЕП во 2019 во Италија откако фудбалерите на Австрија славеа убедливо во Скопје со 4-0. Селекторот, Благоја Милевски, ја презема одговорноста за неуспесите со најава дека од март ќе мора да вклучи нови фудбалери.

„Честитки до Австрија за победата иако три од четири примени гола се по наша грешка. Гибралтар беше опомена за репрезентативците и од март ќе имаме нов лик. Ќе започнеме да се подготвиме за наредниот циклус. За жал, доаѓаме во ситуација во која бевме пред 3-4 години. На половина од еден циклус мораме да започнеме да подготвуваме селекција за наредните квалифиакции. Тоа значи дека новата младинска селекција ќе биде пополнета со фудбалери од У19 “, заврши Милевски.

Karmen
To Top