Новости

Фудбал

Мина: Задоволен сум на Бога за трансферот во Барса

Најновото засилување на Барселона – Јери Мина го даде своето прво интервју како каталонски играч.

Колумбиецот ги помина лекарските прегледи и потпиша за 5,5 години, а потоа позираше пред амблемот на клубот.

„Се надевам дека ќе научам многу од Пике и Умтити, па затоа сум тука. Барселона е многу голем тим, најдобар во светот. Јас сум запознаен со стилот на игра и мојата цел е да освојувам титули. Му благодаран на Бога за мојот трансфер тука”, изјави Мина за медиумите.

Evrotip
Евротип
To Top