Новости

Фудбал

Модриќ се нагоди со шпанските власти за неплатениот данок

Лука Модриќ ќе им плати еден милион евра на даночните власти во Шпанија за да не оди во затвор за затајување на данок.

Хрватот влегува меѓу фудбалерите кои имаат проблем со продажбата на имиџ-правата. Членот на „кралевите“ се товари дека не ги пријавил приходите за 2013 и 2014 година со што ја оштетил државата за 290.990 евра во 2013 и 579.738 евра за 2014 година.

Модриќ денеска треба да се појави пред суд но, според „Ел Мундо“, тој го признал делото и се договорил со даночните власти да плати еден милион евра за да се покрие вкупната сума вклучувајќи ја и каматата.

To Top