Новости

Фудбал

Мората има повреда на грбот, неизвесно кога се враќа на терените

Антонио Конте не можеше да прецизира до кога Алваро Мората ќе биде надвор од терените. Шпанецот ги пропушти последните четири натпревари за „сините“ поради болки во долниот предел од грбот.

„Мората има проблем со грбот. Засега не знаеме сигурно уште колку ќе отсуствува. Можеби уште еден натпревар, можеби нема да ми биде на располагање уште еден месец или пак до крајот на сезоната“, истакна Конте.

Доколку лекарите на „сините“ не успеат да го опорават Мората, тогаш напаѓачот може да ги пропушти и дуелите со Барселона во првата елиминациска фаза во Лигата на шампионите.

GOLD
SN Finansii
To Top