Новости

Фудбал

Мурињо: Кој е луд да го продаде Давид Де Геа?

Шпанските медиуми во континуитет шпекулираат дека Давид Де Геа кој ги брани боите на Манчестер Јунајтед во текот на летото може да се пресели во редовите на Реал Мадрид.

Голманот е подолг период на трансферниот список на „кралевите“ кои според тренерот на англичаните, Жозе Мурињо, тешко ќе можат да ја остварат намерата и да го купат Шпанецот. Искусниот стартег има и логично размислување за неговиот став.

„Дали мислете дека клуб кој се обидува да ги привлече најдобрите играчи е отворен да ги продаде неговите најдобри? Тоа нема логика“ – вели тренерот на „црвените ѓаволи“.

Студирајте на БАС
To Top