Новости

Фудбал

Мурињо: Не го заменив Погба заради повреда

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера беа поразени на гостувањето кај Њукасл во рамките на 27. коло во англиската Премиер лига.

Јунајтед загуби од Њукасл со 1-0, а веднаш после примениот гол, тренерот на „Црвените Ѓаволи“, Жозе Мурињо го повлече Лингард и Погба и на нивно место во игра ги стави Керик и Мата. После натпреварот, Португалецот го објасни својот потег.

„Нема никакви проблеми со Погба. Не го повлеков од игра поради повреда, туку поради тактика. Ми беше потребен Керик кој е дефанзивно подобар играч, за Алексис да игра поблиску до Лукаку“, изјави Жозе Мурињо.

Манчестер Јунајтед сега заостанува зад лидерот Манчестер Сити дури 16 бодови и според многумина, шампионската трка во англиската Премиер лига е веќе завршена.

GOLD
SN Finansii
To Top