Новости

Фудбал

Наби Кеита доаѓа во Ливерпул веќе оваа зима

Парите што ги доби Ливерпул за Филип Кутињо од Барселона може да се искористи за да се ангажира Наби Кеита и тоа веднаш.

Фудбалерот на РБ Лајпциг веќе беше договорен за околу 50 милиони евра и треба да се приклучи на Ливерпул по крајот на сезоната. Ливерпул, сепак, се обидува да го добие репрезентативецот на Гвинеја сега, а според весникот „Билд“, германскиот клуб е подготвен да преговара. Весникот вели дека Лајпциг ќе го ослободи 22-годишниот играч од средниот ред за да оди на „Енфилд“ 6 месеци порано, со дополнителен надомест од 15-20 милиони евра.

Од Ливерпул веднаш ги контактирале своите германски колеги по продажбата на Кутињо. Првично во Лајпциг не останале фасцинирани од идејата да се разделат порано од планираното со еден од најважните фудбалери, но потоа го смениле ставот.Од почетокот на сезоната Кеита има одиграно 20 натпревари и постигнато 5 гола во Бундеслигата.

Другата вест од Ливерпул е поврзана со Роберто Фирмињо. Според весникот „The Telegraph”, тој добил предлог за договор кој ќе го задржи во Ливерпул до крајот на неговата кариера. Сегашниот договор на бразилскиот репрезентативец е до 2020 година.

To Top