Новости

Фудбал

Насри заработи суспензија од шест месеци заради допинг

УЕФА официјално го казни со забрана за играње фудбал во период од 6 месеци поранешниот француски фудбалски репрезентативец Самир Насри поради нарушување на антидопинговите правила во декември 2016 година.

Насри е казнет заради користењето на забранета супстанца за збогатување на крвта во клиника во Лос Анџелес, кога тој играше за Севиља како позајмен од Манчестер Сити. Постапката против Французинот започна во март минатата година и конечната одлука за случајот беше објавена денеска.

Насри во моментов е слободен агент откако неговиот договор со турскиот Анталијаспор беше прекинат.

Evrotip
Евротип
To Top