Новости

Фудбал

Несторовски и Трајковски немоќни, Палермо убедливо поразен во Емполи

Дербито од второлигашката конкуренција во Италија помеѓу Емполи и Палермо им припадна на домаќините кои славеа убедливо со 4-0 со што се зацврстија на врвот на табелата додека Палермо сега е на третото место зад Фросиноне.

Нашите интернационалци Несторовски и Трајковски беа стартери во тимот но не помогнаа многу да се избегне тешкиот пораз по што Несторовски во улога на капитен ја презеде одговорноста за поразот и најави подобри игри на следните средби кои ќе го вратат тимот во врвот и Серија А.

To Top