Новости

Фудбал

Нејмар ја загуби правната битка со Барса во ФИФА

Нејмар минатото лето одлучи да ја напушти Барселона и за неверојатни 222 милиони евра прејде во ПСЖ. Меѓутоа, сагата околу Бразилецот и Барселона се уште трае откако Нејмар го тужеше каталонскиот клуб.

Имено, пред неколку недели Нејмар потврди дека ја известил ФИФА за тужбата против Барселона и дека бара од Каталонците дополнителни 40 милиони откако не му го исплатиле бонусот од 26 милиони за „лојалност“.

На Нејмар, неколку дена пред заминувањето во ПСЖ, на сила му стапи новиот договор со Барселона во кој имаше клаузула дека ќе добие 26 милиони евра за лојалност, но веднаш по неколку дена замина во ПСЖ. Токму тоа е главната причина поради која тој молчеше цело време околу евентуалниот трансфер во Париз додека се уште беше играч на Барселона.

To Top