Новости

Фудбал

Нејмар ќе паузира 6-8 недели заради повредата против Олимпик Марсеј

Нејмар сигурно нема да игра против Реал (Мадрид) на 6 март во реванш средбата од осминафиналето на Лигата на шампиони. Ова го потврдил таткото на Бразилецот за „ESPN“.

Според него, неговиот син ќе се опоравува помеѓу 6 и 8 недели, а во ПСЖ многу добро го знаат тоа.

„Нејмар ќе се лекува меѓу 6 и 8 недели, без разлика дали ќе се оперира или не. Во ПСЖ се целосно свесни за тоа. Останува да се донесе одлука дали тој ќе се подложи на хируршка интервенција. Треба да се дејствува брзо, за да може да се опоравува на најдобар можен начин”, вели Нејмар Сениор.

Evrotip
Евротип
To Top