Новости

ЕВРОТИП Банер
Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Енис Барди официјално потпиша за Леванте

Македонскиот репрезентативец Енис Барди ги мина лекарските прегледи во Леванте и се очекува да го стави својот потпис на тригодишниот договор со тимот од Валенсија, а клубот официјалната промоција ја закажа за утре, во 17 часот.

Енис Барди во Леванте доаѓа од унгарскиот шампион, од екипата на Ујпешт, а според шпекулациите унгарскиот тим ќе заработи 1,5 милиони евра од овој трансфер и 10 отсто од наредниот трансфер на македонскиот репрезентативец.

Барди одигра брилијантно на неодамна завршеното Европско првенство за играчи до 21 година, на три натпревари тој постигна два гола.

Леванте по едногодишно отсуство оваа сезона повторно ќе настапува во елитната шпанска фудбалска конкуренција.

Karmen
To Top