Новости

Фудбал

Одбиена жалбата на Реал, Карвахал не игра против ПСЖ

Дисциплинската комисија во УЕФА ја одби жалбата на Реал Мадрид за казната на Дани Карвахал кој ќе мора да паузира уште еден меч во Лигата на Шампиони.

Дефанзивецот намерно доби жолт картон на натпреварот против АПОЕЛ од претпоследното коло во групната фаза од елитното натпреварување за да избегне евентуална суспензија во нокаут фазата. Дисциплинската комисија на УЕФА покрена постапка не му прогледа низ прсти и го казни да не игра на два натпревари.

Првиот натпревар што го пропушти беше во групната фаза против Борусија Дортмунд, а вториот ќе биде со Пари Сент Жермен во осминафиналето кој ќе се одигра во Мадрид. Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан ќе мора да бара друго решение за десната бековска позиција, бидејќи Карвахал е прв и сигурен избор во почетната формација.

Evrotip
Евротип
To Top