Новости

Фудбал

Од Торино порачуваат: 100 милиони за Белоти се малку

Претседателот на Торино, Урбано Каиро ја смета ослободувачката клаузула за 100 милиони евра во договорот на Андреа Белоти за премногу ниска. Шефот прецизира дека неговото тврдење ќе биде вистина само ако напаѓачот повторно ја покаже убиствената форма од минатата сезона.

24-годишниот италијански репрезентативец остана кај „биковите“ за уште една кампања, иако во текот на летото не недостигаа примамливи предлози. Никој од нив, сепак, не ја задоволи силната желба на Каиро да добие 100 милиони евра за играчот.

„Многу сум среќен што го задржавме, бидејќи имаше нешто како пакт кој ние го направивме со нашите навивачи“, прокоментира Каиро. „Тоа беше договор, што тој го почитуваше. По тоа решение, тој имаше лоша среќа, но се надевам дека ќе се врати на она, што го направи минатата сезона. Тој гори од желба и мислам дека сега со тренер како Валтер Мацари, кој посветува посебно внимание на напаѓачите, Андреа може да се врати во неговата најдобра форма“, смета шефот на „биковите“

Студирајте на БАС
To Top