Новости

Фудбал

Палермо казнет со 10.000 евра, откако навивач погоди судија со сладолед

Италијанскиот Палермо е казнет со 10.000 евра поради бизарна причина.

Еден навивач на овој тим, за време на натпреварот против Фоџа, го погоди судијата со сладолед, а Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија донесе одлука да го казни тимот од Сицијлија. Така, поранешниот член на Серија А е казнет со 10,000 евра, а овој инцидент се случи во текот на првото полувреме, па судијата секако го пријавил.

Еден од тренерите на екипата на нашиот Несторовски е суспендиран до крајот на оваа сезона, бидејќи во натпреварот против Бреша го удри економот на овој тим, а потоа и играчот кој сакаше да го заштити.

Студирајте на БАС
To Top