Новости

Фудбал

Пирло: Ако Ван Дијк вреди 80 милиони, Кутињо вреди двојно повеќе

Поранешниот играч на Јувентус и Милан Андреа Пирло вели дека Барселона не згрешила што платила 160 милиони евра за Филип Кутињо.

Барселона вчера конечно успеа да го реализира трансферот на Бразилецот од Ливерпул, но сумата што ќе плати е втор најголем трансфер во историјата на фудбалот, помала само од 222-та милиони што ги доби Барселона од ПСЖ за Нејмар.

„Настрана тоа што полудеа цените на фудбалерите, цената на Кутињо е во согласност со останатите цени денеска. Ако Ван Дајк вреди 80 милиони евра, тогаш тој чини двојно. Мислам дека е фер цена“, вели Пирло.

 

GOLD
To Top