Новости

Фудбал

Португалија стана европски првак во футсал

Португалија го освои 11. Европско првенство во футсал во Словенија, откако со 3-2 ги совладаа ибериските ривали Шпанија по продолжението. Ова е прва титула за Португалија, додека Шпанија одеше на рекордно осмо злато.

Ѕвездата Рикардињо беше избран за најдобар играч на турнирот, откако погоди во првата минута за 1-0, пред Толра да израмни на 1-1. Шпанија поведе преку Лино во 32. минута, по што Бруно Коељо ја враќа надежта на Португалците во 38. минута.

Рикардињо се повреди и не го заврши мечот, така што херој на шампионатот беше Коељо, кој постигна гол од пенал за голема титула. Бронзата отиде кај Русија, која со 1-0 го совлада Казахстан.

Студирајте на БАС
To Top